Нов Зеланд, дестинација со неверојатна убавина и природа, сака нејзините посетители да уживаат во сè што може да понудат, без влијание на инфлуенсерите…
Најновата кампања на Новозеландската туристичка организација промовира иновативни искуства на нејзината територија, наместо посети на „хит“ локалитети кои секогаш се полни со инфлуенсери и прикажани толку пати на социјалните мрежи. Затоа, Новозеланѓаните ги повикаа инфлуенсерите да свртат нов лист и да се одморат од клишето на објави по социјалните мрежи. Овој потфат може да им помогне да ги истакнат сликовните аспекти на нивната земја, наместо да изберат неколку локалитети кои станаа популарни благодарение на социјалните медиуми.
Туристичката организација им ја пренесе својата порака и барање на сите потенцијални намерни патници преку видео, во кој глуми комичарот Том Сензбури, како осамен ренџер во „единица за социјално набљудување“ кој ги запира луѓето кои се обидуваат да фотографираат во стилот на инфлуенсер. Видеото од 2,5 минути е насловено како „Travelling Under Social Influence“ и им кажува на сите посетители на оваа прекрасна земја да ја напуштат својата зона на удобност. Како што вели Сензбури: „Сè ова сум го видел претходно, сите сме го виделе. Ова лето, го апсиме секој што патува под влијание на инфлуенсери. Мора да размислите надвор од рамките“, осврнувајќи се на формат објавата на Инстаграм.
Интересното видео доби позитивни критики и одговори од целиот свет, а дали ќе вроди со плод останува да видиме.
