Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Новост во Канадските ординации: „Наместо лекови, земете природна доза на престој во националните паркови“

Кога се насочувате кон вашиот лекар со својата типична болка, најверојатно матичниот ќе ви препише некои добро познати работи. Лекови, апчиња, инекции, а реално, сè заедно и не е баш некоја среќа, нели? Но, што ако официјално, медицински добиеме препорака за некои други, посреќни и поубави работи?

Лекарите во Канада отсега можат да го прават токму тоа. Новата програма во четири канадски провинции ќе им овозможи на лекарите да препишуваат патување во националните паркови за пациентите на кои им треба малку време на отворено. Да, добро прочитавте – ќе дојдете на лекар и ќе добиете рецепт со препорака за одмор во некој од националните паркови.

Иницијативата се вика PaRX, а официјално е признаена од Фондацијата BC Parks минатиот месец. Здравствените работници кои ќе се пријават за програмата можат да им понудат на пациентите бесплатна карта за откривање паркови во Канада, која инаку би чинела околу 450 долари годишно. Општата препорака е пациентите да поминуваат два часа неделно во некој од парковите.

PaRX тврди дека одењето во природа може да има неколку придобивки за физичкото и менталното здравје. Од намалување на стресот и високиот крвен притисок до чистење на белите дробови и продолжување на животот, свежиот воздух се чини дека е, ако не лек, тогаш барем противотров за речиси сè. Неговите придобивки не се ограничени ниту на возрасните – децата исто така можат да имаат корист од подобра кондиција и поминување време на отворено. Навистина е тешко да се најдат аргументи против програмата.

Шемата моментално е достапна во провинциите Британска Колумбија, Онтарио, Саскачеван и Манитоба, иако се очекува со текот на времето да се прошири на сите канадски провинции и територии. Само веруваме дека остатокот од светот ќе ја прифати оваа канадска идеја во годините што доаѓаат, бидејќи не би било лошо вашиот лекар да ви препише посета на Козјак, Колешинските водопади или Смоларкси.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement