Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Невообичаено бегство од короната: Се качувате во авион и „Не Знаете“ точно каде патувате

Можеби ова е само моментален тренд, но се појави нов вид на патување… и тоа буквално во непознатото.

Замислете да седите во авион и да не знаете точно каде ќе слетате?

Звучи забавно, нели?

Ова е образложението на луѓето од компанијата „Virgin Atlantic“ кои им понудија на своите клиенти одмор на Карибите, со услов патниците да не ја знаат нивната крајна дестинација се додека не слетаат.

Да бидеме јасни, тешко дека можете да направите лошо тука, бидејќи во понудените дестинации се Антигва, Барбадос, Гренада и Тобаго.

Пред да заминат на патувањето, патниците избираат вид на хотел, храна и должина на престојот, а сè друго е на организаторите.

Понудата наречена „escape pass“ (во превод, билет за бегство) е специјално дизајнирана за коронавирус и им овозможува на луѓето да добијат целосна наплата доколку ситуацијата со вирусот се комплицира пред патувањето.

„Знаеме дека луѓето едвај чекаат да патуваат повторно по карантинот, најмногу од сè друго останато. И не е изненадувачки што Карибите се наоѓаат на врвот на листата, бидејќи земјите од оваа област имаат исклучително добро регулирана состојба со вирусот, а патниците можат безбедно да уживаат во сонцето и да се одморат“, изјави Јуха Јарвинен од Virgin Atlantic.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement