Santa Maddalena (Света Магдалена) често се нарекува најубаво село во Италија. Овој прекар не ги изненадува сите оние кои имаа можност да ја посетат оваа прекрасна област на работ на долината Val di Funes и во подножјето на Доломитите на северо-истокот на земјата.
Селото се простира на просечна надморска височина од околу 1350 метри, опкружено е со спектакуларни планини и ливади, и е подеднакво убаво за време на топлите и студените месеци. Најпрепознатливиот дел на Света Магдалена е истоимената црква посветена на таа светица.
Денес, во селото Света Магдалена има околу четиристотини жители кои главно се занимаваат со туризам. Исто така е идеална почетна точка за истражување на паркот на природата Puez-Odle.
Погледнете како изгледа Света Магдалена од апсолутна воздушна висина на Јутјуб во видеото на Heritage & Pine.
