Црните плажи се појавуваат на места кои некогаш имале силна вулканска активност или се во близина на сѐ уште активни вулкани.
Долгите бели песочни плажи и тиркизното море за многумина се концепт на идеално место за одмор. Но, постојат и некои повеќе мистични алтернативи кои привлекуваат голем број патници, особено љубителите на црната боја.
Црните плажи се исто толку привлечни, и не се толку ретки како што може да изгледаат на прв поглед. Тие се јавуваат на места кои некогаш имале силна вулканска активност или се во близина на сѐ уште активни вулкани.
Црниот песок обично е резултат на излевање лава во морето, ладење и распаѓање, а исто така може да биде резултат на глацијална активност како што е случајот на плажата Јокулсарлан на Исланд.
Има насекаде црни плажи – од зачудувачки примероци на островот Стромболи во Тиренското Море до далечната Јапонија. Погледнете ја нашата галерија со фотографии и уживајте во незаборавниот поглед на црните плажи.
Дијамантската плажа Јокулсарлон на Исланд
Плажа Пиха во Нов Зеланд
Плажа Пунал на Хаваи
Плажа Периволус во Грција
Плажа Керамас на Бали
Црната плажа Уреки долж Црното Море во Грузија
Црна плажа Фикогранде на Стромболи во Италија
Плажа Black Sands во Калифорнија
Плажа Жардин на Канарските острови
Плажа Михо но Мацубара во Јапонија
