Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најевтината земја за живеење, каде билет за јавен превоз чини 3 центи, ражниќ на скара 30 центи, а месечна кирија за стан 60 евра…

Шетајќи низ Карачи, открил дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е најмалку пет до десет пати поевтино отколку во повеќето европски градови.

Според The ​​World of Statistics, Пакистан е прогласен за најевтина земја за живеење. За да дознае дали навистина е така, Џош Ларкин од каналот „The Burnt Chip“ на YouTube отпатува до неговиот најголем град, главното пристаниште и финансискиот центар – Карачи.

Во Карачи заменил една британска фунта или околу 1,2 евра за 400 пакистански рупии и се обидел да дознае што може да купи со неа за еден ден. Своите искуства ги снимил со камера и видеото го објавил на Јутјуб каде досега го погледнале повеќе од 2,5 милиони луѓе.

На почетокот на денот, Џош Ларкин се освежи со традиционалниот пакистански пијалок дудта – кој се прави од млеко, шеќер, мраз и газиран пијалок, на улица за само 30 рупии.

За ручек јадел бирјани – зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко – и пиел пепси за само 30 центи, а за вечера уживал во ражничи од морска храна за кои потрошил приближно исто толку.

Во Карачи се обидел да јава камили, го гледал танцот на отровните змии на звукот на флејти. Тој платил само три центи за автобуска карта.

Шетајќи низ Карачи, открил дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е најмалку пет до десет пати поевтино отколку во повеќето европски градови.

Што видел, доживеал и вкусил Џош Ларкин во Карачи за нешто повеќе од едно евро во најевтината земја за живеење, погледнете во неговото видео подолу.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement