Нека не ве залажува неговиот идиличен изглед, бидејќи Лозана нуди бројни можности за спортување кои ќе ви го зголемат адреналинот…
Со своите алпски пејзажи, забави покрај езерото и можностите за пиење кафе на брегот на езерото, швајцарскиот град Лозана, како што пренесува британскиот портал Guardian, е идеален за краток одмор, а своевремено и туристичкиот магазин Monocle го прогласи за најдобар мал град за живеење во светот.

Храна
Во последниве години, сцената на рестораните во Лозана се промени на подобро и можете да најдете доста различни кујни. Како и да е, Café de l’Eveché во близина на катедралата останува омилено за класичните швајцарски јадења, вклучително и фонду, rosti и filets de perche (риба).
Треба да го препорачаме и Le Barbare,, мало кафуле на врвот од скалите на стариот пазар, отворено во далечната 1952 година. По затворањето пред неколку години, неодамна е реновиран и повторно отворен, а неговата мала тераса е популарна како и секогаш. Менито не е големо и се фокусира на сезонски состојки, локални пива и извонредната топла чоколада Марта, именувана по жената која го водеше местото со години.
За брз ручек, посетете го Place de la Riponne, каде камионите со храна служат јадења од целиот свет секој ден (освен среда и сабота, кога е тука пазарот).

Што да се види
Како седиште на Меѓународниот олимписки комитет, Лозана е позната како спортски град и е домаќин на многу настани за аматери и професионалци, а летово на нејзините улици се одржа најпрестижната велосипедска трка во светот – Tour de France.
Блескавиот олимписки музеј во областа Оучи Лејк е забавно, интерактивно искуство – за љубителите на спортот како и за оние кои не се толкави љубители на спортот.
Во лето, Женевското Езеро станува огромно игралиште на отворено за пливање, пловење и веслање. Од Оучи можете да пешачите (или да трчате) покрај езерото во која било насока – кон Пули, каде што има комплекс од отворени базени веднаш на брегот на езерото, или кон Види за неговите песочни плажи, кои се раздвижени со луѓе во жешките денови.
Зелени површини
Купете сладолед во Loom Gelateria и одете на прошетка во Паркот на Милано, под железничката станица. Неговите ботанички градини се мирни, а од врвот на ридот има прекрасен поглед на планините. Поранешниот јавен тоалет е претворен во кафуле Le Montriond, каде се служат коктели и локални вина во парк, совршен за уживање.

Ноќен живот
Прилично неуредниот распоред на градот создава многу необични локации за барови на отворено. Les Jardins du Vieux Lozanne, градинарски бар скриен под катедралата и La Terrasse des Grandes Roches, сместени под сводовите на мостот Бесиер, се места што вреди да се посетат. Има и La Jetée de la Compagnie, дел од брегот на езерото во Види што служи пијалоци од стар транспортен контејнер. Започна како скокачки бар пред неколку години, но сега е постојано место на летото во Лозана, со сончева тераса, пристап до езерото и утрински часови по јога, отворени од 10 часот наутро до полноќ.

Сместување
Во самиот центар на градот, Hotel des Voyageurs е прифатлива опција во градот познат по своите луксузни хотели. Да, за жал, градот на брегот на Женевското езеро навистина не нуди прифатливи опции за сместување.
