Една од највозбудливите планинарски патеки во светот и желба на сите зависници од адреналин се наоѓа, за наша жал, од другата страна на планетата, во американскиот национален парк Сион, а тоа е патеката „Angels Landing“. Оваа патека е гордост на Националниот парк Сион и оди по многу тесна, висока карпа што се издига над кањонот. Највисокиот врв е на 1763 метри.
Последниот километар од патеката се минува преку многу тесен камен гребен за кој е потребна поддршка, а поставени се и кабли до кои треба да се држите. Не е дозволено стоење на работ или искачување при дождливо време или при силен ветер. Така, оваа патека не привлекува премногу „качувачи“.
Но, глетката од неа е повеќе од импресивна. Веќе на крајот од патеката, Кањонот Сион може да се види во двете насоки, а уште една знаменитост на паркот, планината Great White Throne, изгледа како да можете да скокнете до неа.
Интересна приказна го следи потеклото на името и патеката. Додека го истражувале кањонот на почетокот на 20 век, четворица Американци, Ф. Фишер, В. Фишер, Е. Бингам, Ц. Хирши, погледнале кон монолитот и коментирале дека таму може да се спушти само ангел. Така, карпата е именувана како Angels Landing.
Оваа патека долга 4 километри можете да ја пешачите за околу 5 часа. Стрмното искачување е олеснето со добро одржувана патека. Раководителите на паркот препорачуваат планинарењето да започне наутро, а доколку започнете подоцна попладне, треба да се внимава да излезете од патеката пред да се стемни.
Најдобрата хајкинг тура е од пролет до есен, иако тоа е можно и во сувите зими.