Со своите 53 квадратни метри, стиснат меѓу две поголеми згради, хотелот Eh’hausl влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмал во светот…
Бајковитиот Амберг е баварски град на југоистокот на Германија кој лежи на реката Вилс и е едно од местата каде што нема да сретнете многу туристи. Оваа средновековна убавица го носи прекарот Еи (јајце) поради обликот на добро сочуваните ѕидови. Ако се најдете во Минхен, Нирнберг или Регенсберг, Амберг може да послужи како дестинација за еднодневно патување.

Благодарение на железната руда, градот во минатото имал доволно ресурси за да изгради моќна тврдина која некогаш имала околу сто одбранбени кули. Затоа, не е чудно што средновековниот писар Михаел Швајгер рекол „Минхен е најубавиот кнежествен град, Лајпциг најбогат, но Амберг е најбезбеден!“.

Можете да започнете со разгледување на Амберг од железничката станица на источната страна на Стариот град и да ја следите патеката што води надвор од градските ѕидини. Веднаш зад аголот е Nabburger Tor (Наббуршката порта). Некогаш, кулите околу овие порти служеле како зандани за криминалците и непријателите.
Еден од најдобрите начини да се впие локалната атмосфера е да го посетите Marktplatz, кој е особено жив во саботите, бидејќи тоа е кога најголемиот број продавачи се собираат на нивните штандови кои продаваат широк спектар на производи. На јужната страна стои Свети Мартин, готска католичка црква изградена во 1421 година. Кулата висока 92 метри била додадена само 300 години подоцна.

Ќе го видите и Ратхаус (градското собрание) од 14 век со прекрасни надворешни скали и балкон. Ако се спуштите до реката, можете да одите на патување со брод или сплав за време на викендот и да се упатите кон Музејот за воздухопловство или „најмалиот хотел на светот“.
За да биде што е можно полесно, германскиот младоженец изградил куќа на простор малку поголем од два метри меѓу две згради во Семинаргасе. Оттогаш, куќата која денес служи како луксузен хотел се нарекува Eh’haeusl (Ехе-Хаус или брачна куќа) на локалниот дијалект. Иако е тесен, хотелот на своите гости им нуди спална соба, бања и салон со камин.
Бидејќи вработените нема каде да бидат, гостите се сами во хотелот. Според легендата, која звучи и како одличен маркетиншки трик, среќа во љубовта ќе имаат оние парови кои ќе преноќат таму. Цената на ноќевање во хотелот е 240 евра.
