Лоциран во Арапскиот Залив, забавниот парк ќе се состои од „возови на смртта“, тркачки автомобили, спортови на вода и други атракции погодни за децата, користејќи ја постоечката инфраструктура на старата нафтена платформа.
Бидејќи човечката имагинација и креативност немаат граници, последниот случај од Саудиска Арабија говори сам за себе. Верувале или не, таму една стара нафтена платформа ќе се претвори во забавен парк. По ова ни се чини дека се е можно, па наскоро не би нè изненадило некое ново чудо…
Според порталот NZ Herald, инвестициски фонд во Саудиска Арабија објавил планови за пренамена на старата нафтена платформа во забавен парк. Лоциран во Арапскиот Залив, забавниот парк ќе се состои од „возови на смртта“, тркачки автомобили, спортови на вода и други атракции погодни за децата, користејќи ја постоечката инфраструктура на старата нафтена платформа.
Новиот туристички проект е дизајниран да се усогласи со напорите на Саудиска Арабија да го префрли својот фокус од нафта на туризам и забава како начин за зачувување на животната средина. Забавниот парк ќе зафаќа повеќе од 150 илјади квадратни метри, а покрај забавните капацитети на гостите ќе им бидат на располагање 11 ресторани и три хотели.
Саудијците очекуваат овој уникатен проект да привлече туристи од целиот свет, особено оние од околните земји. Според најавите, овде ќе може да се користи банџи скокање, но и да се занимаваат со други спортови. Иако земјата е зависна од нафта, престолонаследникот Мохамед бин Салман сака да ја покаже и својата друга страна. На оние кои следат фудбал, името веројатно им звучело познато, со оглед на тоа што се работи за новиот сопственик на Њукасл.
Во секој случај, погледнете повеќе за проектот на Јутјуб видеото под нашиот текст, а доколку се укаже прилика, потсетете се на нас и известете ни го искуството од далечната Арабија.

