Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Модерна сапуница: Шпански имигрант изградил прекрасен замок за својата вереница, но…

„Секој има соништа. Само, не се сите реализирани. Хозе Паронела сонувал еден ден да изгради замок во посебен дел на Австралија. И, тој го создаде – паркот Паронела. На 5 хектари земја изградил замок, зелена ливада за пикник, мостови, тениски игралишта и сето тоа го украси со дури 7.500 билки и дрвја. Целата сензација била отворена за јавноста во 1935 година“.

Значи, тоа стои во честитката на персоналот Паронела, лоциран на северо-истокот на Австралија. Дали треба да се додаде „уште нешто“ за да го посетите местово? Се сомневаме во тоа, но не можевме да одолееме, а да не прочепкаме уште малку.

La televisia presenta

Значи, шпанскиот имигрант Хозе Паронела од рурално место во близина на австралискиот град Квинсленд започнал овде да го гради замокот од соништата во 1930 година. Силна мотивација била неговата свршеница – сакал да изгради совршен дом за да започне нов живот во нова земја. Тој ја пронајде идеалната локација во близина на водопадите на потокот Мена и започнал да работи.

Кога накратко ја прекинал работата за да се врати во Шпанија за неговата вереница, со идеја да ја изненади со заедничкиот дом што сам го создаде, дознава непријатната вест – таа веќе се омажи за друг маж. Не знаеме дали тој сакал да и врати „мило за драго“, или само практичен, или навистина избувнала неочекувана љубовна врска – но Хозе се верил со нејзината помала сестра и ја довел во Австралија.

Првото нешто што го изгради било прекрасното скалило што водел до зеленото брдо. На него, пак, тој изгради куќа инспирирана од каталонските замоци. Скромно!

Имал сè, можел сè – изградил дури и мало кино и сала за танцување каде што луѓето се забавуваа за време на викендите. Сите биле добредојдени и Хозе исполнет со среќа ги поканил соседите, соработниците, работниците… Исто така, засадил прекрасен зимзелен парк, повторно за другите на ум: „Не ја градам оваа убавина за себе, туку за своите внуци – уживајте во иднината“.

Шпанските соништа се уште се живи

Паронела починал кратко по Втората светска војна и неговите деца се грижеле за паркот сè до 1977 година кога бил продаден. За жал, само две години подоцна избувнал голем пожар што го уништил замокот. Уште неколку пати паркот менувал сопственици, сè додека не дојде во рацете на вистинските ентузијасти.

Денешните сопственици долго време се обидувале да ја реновираат оваа зграда. Како што велат, им се допаднала напорната работа, љубовта и гостопримството на Хозе, кои несебично ги искажал. Изградени се нови патеки, санирана е целосно вилата, засадени нови дрвја, паркот има дури и свои водопади, а отворен е и музеј каде што погодно можете да ја купите книгата „Шпански сонувач“.

Друга пофалба е што паркот е изграден во согласност со еколошките критериуми и со максимални напори да остане автентичен приказ на историјата. Домаќините имаат добиено бројни награди.

Паркот е отворен секој ден во годината и во понудата имате туристички водич (вклучен во цената на билетот), од кои популарно се нарекува: Сонот продолжува…

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement