Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Мистериозниот „бунар на пеколот“ што опседнат со демони е новата туристичка атракција во Јемен

Веќе неколку децении, оваа мистериозна дупка предизвикува страв!

Локалното население во Јемен со децении ја избегнувале ужасната и огромна дупка, именувана како „пеколен бунар“.

Суеверието се пренесува од генерација на генерација дека овој необичен природен феномен ја претставува „портата на пеколот“ и дека демоните се затворени во овој прогонуван бунар.

Поради неподносливата смрдеа што се шири од дупката, сите го избегнале „пеколниот бунар“, а мистеријата станала се поголема и поголема.

Инаку, дупката, која е длабока 112 метри и широка 30 метри, се наоѓа во провинцијата ал-Махра во близина на границата со Оман.

Досега никој не успеал да дојде до дното на чудната дупка. Но, тоа исто така се смени неодамна кога група од 10 омански спелеолози и истражувачи за прв пат детално го истражувале „пеколниот бунар“.

Сите се прашуваа што ќе најдат внатре и дали воопшто ќе можат да излезат живи.

Она што го најдоа истражувачите веројатно ќе разочара многумина – очекувано, беа пронајдени бројни остатоци од животни кои паднале во „бунарот“, а тоа беше изворот на неподносливата смрдеа.

Исто така, тимот наишол на змии, неколку подземни водопади и сталагмити.

Меѓутоа, ни трага од заробените демони… не се пронајдени во ова пеколно ужасно место.

Погледнете го видеото:

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement