Американскиот национален парк Секвоја се наоѓа во јужниот дел на планинскиот венец познат како Сиера Невада, кој се протега на дури 640 километри. Иако звучи како топло шпанско име, и покрај тоа што се наоѓа во сончевата Калифорнија, Sierra Nevada всушност значи „снежна планина“.
Областа Сиера Невада вклучува дури три национални паркови: Yosemite, Sequoia i Kings Canyon. Денешниот парк, е посветен на џиновските дрвја, кои се протегаат на 1.635 квадратни километри.
Прошетка меѓу гигантите
Во него можете да најдете дрво наречено General Sherman, најголемото дрво во светот (измерено во вкупен волумен). Високо е 83 метри (највисоките дрвја во светот се високи околу 90 метри и ги има и во Калифорнија). За споредба, Sherman е поголем од Милениумскиот крст во Скопје (66 метри), и тоа дрво е старо е околу 2.500 години. (постаро дури од христијанството)
И покрај неговите импресивни димензии, General Sherman сè уште не е ниту најшироко ниту најстаро дрво, но дефинитивно е на самиот врв на светот.
Погодно, сместено во т.н. Огромна шума со пет од десетте најголеми дрвја во светот. Најпопуларните дрвја се именувани по важни луѓе од американската историја: President, Lincoln, Franklin, Washington…
Совршен е за шетање меѓу гиганти, а особено за планинарите. Имено, во Огромната шума можете да уживате во дури 64 километри планински пешачки патеки.
Исто така, токму тука можете да доживеете возење со автомобил низ мал тунел врежан во огромно дрво Секвоја, што паднал преку патот уште во 1937 година. Замислете само колку е големо дрвото кога низ него ископале тунел висок над 2 метри и широк 5 метри.
Мечки, лисици … и некои луѓе
Скоро целиот парк е зачувана пустина во неговата оригинална форма – уредениот дел за посетители опфаќа само една петтина, а ако сакате да го откриете остатокот, тоа ќе мора да го правите пеш или на коњ.
Овде можете да откриете локални пештери, водопади и ливади или да одите по историска рута што го покажува поранешниот (древен) живот на Индијанците на овие простори.
Паркот е дом на разни диви животни: има рис, лисици, верверички, змии и некогаш калифорниска гризли мечка, која за жал ја нема повеќе. Но, затоа сè уште има голема црна мечка која дури и ќе провали во вашиот автомобил ако оставите сочни грицки внатре.
Исто така, Паркот Секвоја памети неколку интересни епизоди во кои луѓето се обидоа да живеат тука во хармонија со природата. Имено, во 19 век на овие простори се населиле т.н. Колонија Kaweah – група утописти и љубители на природата кои неофицијално го преименувале Generala Sherman во „Karl Marx“. Тие верувале дека дрвото не треба да носи име на човек кој учествувал во војните против Индијанците и бил одговорен за нивното насилно преселување.
Но, американските власти сметале дека овие социјалисти не треба да живеат овде, па на крајот на 19 век им ја покажале вратата, со тоа, тие уништиле дел од нивните дрвени куќи. Сепак, дури и денес има некои нивни следбеници и потомци кои „сквотираат“ во дрвените кабини на паркот.
