Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Километри и километри прекрасна природа: европски рај за авантуристи кои најмногу уживаат во долгите прошетки

Спирални патеки покрај морето, глетки кои го одземаат здивот, остри карпи каде се гнездат галебите и ауките, густа магла наизменично со урагански ветрови и обилни дождови – ако се осмелите тридневно да прошетате по крајбрежните патишта на Британска Камбрија, ќе доживеете многу повеќе отколку што сте замислиле.

До неодамна, регионот беше целосно зависен од езерскиот туризам и Националниот парк Лејк Дистрикт, кој е и најголемиот национален парк во Англија. Сега туристите се повеќе се „селат“ на брегот во потрага по различни возбудувања и искуства. Пандемијата на коронавирус доведе до бум на „руралниот“ туризам и многу посетители сега се собираат на помалку познати места во потрага по осаменост.

Најлесен начин да стигнете до градот Вајтхевен е со воз од центарот на провинцијата Карлајл. Замислете само како би било да шетате по празните плажи и да ги гледате галебите во лет. На вашето патување може да сретнете колонија на корморани, фулмари и тупики, а ако имате среќа можете да забележите делфини. Ако продолжите понатаму ќе стигнете до вливот на реката Еск каде има вистински песочни дини! Патувањето претежно завршува во Силекрофт од каде што следува враќање со воз.

Љубителите на „различни“ и помалку познати патувања сигурно повеќе од се ќе уживаат на британското крајбрежје. Секако, тоа не значи дека треба да го прескокнете Лејк Дистрикт, бидејќи секое патување носи различна перспектива и нови искуства.

Прочитај

____баланс новости и трендови

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз...

____celebrity

Музичката ѕвезда Ријана и нејзиниот партнер, раперот ASAP Rocky, добија девојче. Ова е нивното трето дете. Таа ја сподели добрата вест на социјалните мрежи....

Green Tea

Се грижиме за нашата кожа во текот на денот главно со хидратантни креми, серуми и слично. Сепак, не треба да се занемари вечерната и...

Green Tea

Јадењето повеќе овошје и зеленчук може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но еднo полно со хранливи материи се издвојува од останатите. Високиот...

Advertisement