Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Катедралите од античко време, редовите на куќи во најинтересните бои, како и планинските села покриени со снег, се само дел од шармот што можете да го видите низ цела Европа.

Стариот свет, како што популарно се нарекува Европа, е полн со величествени градови кои пленат со својата убавина и навистина ја оправдуваат неверојатната посетеност од година во година. Всушност, никаде во светот нема да најдете толку прекрасни контрасти како во европските метрополи.

Ако барате градови кои навистина вреди да се фотографираат и објавуваат на Инстаграм, дојдовте на вистинското место. Со мал водич во нашата галерија, не само што ќе можете да собирате вредни фотографии, туку и спомени од динамични пејзажи и прекрасни градови.

ЛОНДОН

Иако Лондон на прв поглед изгледа ладен, тој навистина ги има локациите што најмногу заслужуваат да ви го примамат погледот .Од прекрасна мешавина на старо и ново, до изненадувачка количина зеленило на едно место. Лондон има по нешто за секого, без разлика дали сте љубител на архитектурата или природата. Познатите историски знаменитости како катедралата Свети Павле и Нотинг Хил дефинитивно вреди да се видат, но не треба да се пропуштат ниту цветните градини и прекрасните езера во Хајд Парк.

ЕДИНБУРГ

Посетата на главниот град на Шкотска е како уникатно патување во минатото. Помеѓу готската архитектура, калдрманите улици и замоците поставени високо над градот, сигурно ќе најдете стотици совршени фото места во Единбург. Неверојатна панорамска глетка ве очекува кога ќе се најдете со грб кон замокот Единбург. Благодарение на Хари Потер, шарените излози на улицата Викторија се едни од најдобрите места за фотографирање.

БАРСЕЛОНА

Секој што ќе помисли на Барселона ја замислува познатата катедрала Саграда Фамилија (Свето семејство).Сепак, Барселона е навистина многу повеќе од тоа, иако никој не ја намалува убавината на оваа зграда. Антони Гауди остави свој чуден белег, со украсени детали и шарени плочки расфрлани низ градот. Овие прекрасни украси ја прават Барселона еден од најдобрите европски градови за улична фотографија.

СЕВИЛЈА

Сместена во близина на јужниот брег на Шпанија, Севиља е навистина нешто што мора да го видите и искусите со сите ваши сетила.Овој град е идеален и за улична и за портрет фотографија.Таму ве очекуваат класични сцени од шпанската култура, вклучувајќи го и танцот фламенко. На љубителите на архитектурата особено ќе им се допаднат мавританските детали кои се наоѓаат низ Севиља. Исто така, има голем број прекрасни места покрај реката Гвадалкивир кои се совршени за фотографирање.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement