Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Италијански Малдиви: рајски плажи и богато културно наследство на Саленто…

Освен по рајските плажи, Саленто е нашироко познат по своето исклучително богато историско и културно наследство.

Дури и ако сè уште не сте имале шанса да ги посетите Малдивите, не грижете се. Во Италија се кријат неверојатно убави плажи кои потсетуваат на плажите на Малдивите.

Саленто територијално припаѓа на регионот Апулија и се наоѓа на самата пета на „италијанската чизма“. Иако е релативно мал полуостров, граничи со Јадранското и Јонското море, Саленто крие некои од најубавите плажи. Самиот полуостров е широк околу 40 километри и долг околу сто километри.

Италијански Малдиви
Делот од Саленто свртен кон Јонското Море е познат како „Италијански Малдиви“, токму поради плажите и бојата на морето.

Како дел од природен морски резерват, Порто Цезарео е нашироко познат меѓу љубителите на нуркање. Она што е особено интересно се животните кои можат да се видат таму. Имено, морското дно на таа локација има карактеристики на суптропска област, па затоа е населено со животни, кои обично живеат во мориња кои се сметаат за потопли, наведува „Euronews.com“. Во близина е островот (Isola dei Conigli), кој исто така е атрактивен за посетителите. Покрај пловењето, до него можат да пливаат и поискусни пливачи.

За љубителите на културата и историјата, посетата на градот Галиполи, кој се наоѓа во западниот дел на полуостровот, е особено привлечна. Мостот стар пет века кој води до историскиот центар на оваа населба е една од атракциите кои магнетски ги привлекуваат туристите. Катедралата посветена на Света Агата, бројните антички улици во стариот центар на градот и целата тврдина ќе ги натераат посетителите да мислат дека се вратиле со векови наназад.Романтичните души не пропуштаат да уживаат во изгрејсонцето и зајдисонцата во Санта Марија ди Леука, местото каде што се спојуваат Јадранското и Јонското море.


Јадранскиот брег на Саленто

Иако воопшто не може да се спореди со Малдивите, брегот на полуостровот на Јадранското Море, може да се окарактеризира и како атрактивен.
Стрмните карпи и пештери нема да остават никого рамнодушен.

Пештерата на поезијата (Grotta della Poesia) е една од најпристапните во тој дел на Саленто, додека Зинзулуса (Grotta della Zinzulusa) се карактеризира како една од најатрактивните.

Градот Отранто е познат по градбите обоени во бело, но и по портата изградена во времето на Наполеон, која и денес претставува своевидна заштита на историското јадро на градот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement