Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Идиличен остров со 11 згради во заливот Малостон каде живее само еден човек…

Островот на животот припаѓа на општината Стон и зафаќа само 0,011 квадратни километри во заливот Малостон.

Поради поволните услови, заливот Малостон е совршено место за одгледување школки уште од античко време. Овој премин во јужна Далмација помеѓу полуостровот Клек и Пељешац е дом и на живописниот остров на животот, кој локалното население го нарекува и Гован или Говањ.

Островот е покриен со медитеранска вегетација, главно Алепо бор, маслинки и маки.

Островот на животот припаѓа на општината Стон и зафаќа само 0,011 квадратни километри во заливот Малостон. Иако има многу ограничен простор, овде низ годините се изградени 11 згради кои се користеле за приватни и јавни потреби.

На островот некогаш имало складиште за бродови, одморалиште за деца, а некои објекти биле приспособени на истражувачката и научната работа на Институтот за поморски истражувања од Сплит.

Во последните сто години островот смени неколку сопственици – му припаѓал на семејството Бандур од Мали Стон, а во триесеттите години на минатиот век го купил богат банкар и сопственик на бродови Божо Банац од Дубровник, кој изградил куќа за себе и за своите гости. По Втората светска војна премина во сопственост на државата, односно општината Стон.

На него денес живее само едно лице – Проспера Павиќ – која поминала повеќе од 80 години на островот. И тaa не планира да го остави. Ужива во мир и тишина, прекрасен поглед на неверојатната околина и повремени посети од нејзиното семејство од копното.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement