Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Здрава навика со која Германците ги челичат нервите за време на пандемија

Waldeinsamkeit, германскиот збор за уживање во осаменоста на шумата за време на пандемија се користи повеќе од кога било. Потребата од свеж воздух, одмор од стресот и сопствените мисли ги води Германците во Црната шума, северно кон планините Харц, баварските национални паркови… како и во другите делови на земјата каде што има доволно зелена боја за осаменост под крошните.

Waldeinsamkeit е исто како wanderlust (желба за патување) или fernweh (копнеж по далечни земји), се германски зборови што нишанат во сржта. Вишокот на слободно време, како и премногу време поминато дома поради пандемија, буди желба да се оди во природа, што е потврдено со истражување.

Студија на Европскиот институт за шумарство во Бон покажува дека шумите на Северна Рајна-Вестфалија забележале огромен пораст на посетители во последната година. Според истражувањето, повеќето љубители на природата одат во шумата за да го почувствуваат мирот.

Со 90 милијарди дрвја, 76 видови дрвја и околу 1215 растителни видови кои ги сочинуваат германските шуми, земјата има доволно простор за секој што сака да го помине своето слободно време во природа. Шумите зафаќаат површина од над 100 000 квадратни километри, од кои половина се во државна сопственост, а вкупно 33 проценти од германската површина е покриена со шуми.

Пронаоѓањето мир во шумата е навика што срдечно ја поздравуваат лекарите, па затоа не е изненадувачки што сè повеќе луѓе практикуваат waldeinsamkeit, или врска со природата и самите себе.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement