Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Заборавете на Венеција и Амстердам: 5 европски градови испреплетени со канали

Иако има повеќе канали од Амстердам, но и Венеција, Хамбург сигурно не е еден од градовите што ни паѓа на ум кога зборуваме за градови со канали….

Санкт Петербург

За почеток, одиме во Русија. Најсеверниот град на планетата кој може да се пофали со повеќе од милион жители, поради екстремно ниските температури во зима нема да ви понуди возење по канал. Но, доколку се одлучите да го посетите градот на пролет, можете да го разгледате и од лакот на некој брод. Овој град го красат повеќе од 300 километри канали на реката Нева, но и неверојатни 800 мостови од кои некои го премостуваат Зимскиот Канал, кој дефинитивно вреди да се види.

Хамбург

Иако брои повеќе канали од Амстердам, но и од Венеција, Хамбург сигурно не е еден од оние градови кои ќе ви паднат напамет кога се зборува за градови на канали. Но, бидејќи сепак се работи за третото по големина европско пристаниште, има многу работи кои вреди да се видат. Особено е вредна обиколката низ областа Шпајхерштат, некогаш позната по безбројните складишта која во меѓувреме заслужи место и на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Бирмингем

И жителите на овој англиски град сакаат да се фалат дека имаат повеќе канали од Венеција. Овој град особено стана популарен во изминатите неколку години поради фактот што токму во него е сместена приказната на одличната серија „Peaky Blinders“, но тука се секако и каналите и тоа долги повеќе од 160 километри.

Стокхолм

„Распрснат“ на 14 острови, главниот град на Шведска го поврзуваат повеќе од 50 мостови. Во прилог на тоа говори и фактот дека првичното име на стариот град во Стокхолм гласело „градот меѓу островите“. Во центарот на градот се наоѓа еден од најживописните канали наречен „Djurgardsbrunnskanalen“.

Копенхаген

Познат по своите шарени куќи и стари бродови, Њухавен е поморски дел од главниот град на Данска. Станува збор за туристичка локација која низ историјата не била секогаш толку романтична, но возењето низ тамошните канали може да ве остави без зборови.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betcio   casibom   betlike   jojobet   betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom