Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Еден од најубавите во Европа: Бајковит замок на надвисната карпа што истовремено ги збунува и маѓепсува туристите

Замокот има збунувачко име, но и стил што не одговара на времето во кое е создаден, многумина го споредуваат со далеку попознатиот Нојшванштајн…

Еден од најубавите германски замоци, сместен на самиот карпест раб, носи име како да не припаѓа на таа земја. Впрочем, замокот Лихтенштајн е полнокрвен Германец, и ќе го најдете еден час возење од Штутгарт. Се издига над градот Хонау во општината Лихтенштајн, во округот Ројтлинген во покраината Баден-Виртемберг.

Бајковитата градба се наоѓа на местото на некогашниот замок од 1200 година, кој на крајот се претвори во руина. Овој предок бил уништен не еднаш туку двапати за време на војните во 14 век.

Руинираниот замок бил подигнат од кралот Фредерик I од Виртемберг, кој таму изградил ловечка куќа, а подоцна и грофот Виртемберг, инспириран од историскиот роман на Вилхелм Хауф „Лихтенштајн“ и средновековната архитектура, го вратил постојниот замок во романтичен нео-готски изглед. Замокот е завршен во 1842 година, но sидовите на првобитниот изглед сè уште можеле да се видат, малку подалеку, меѓу дрвјата.

Највпечатливиот дел од замокот (особено за оние кои се плашат од височина) е секако надворешниот ѕид, изграден на самиот раб на стрмната карпа. На надморска височина од 817 метри, замокот нуди спектакуларен поглед на околината.

За време на Втората светска војна, американски тенк што минуваше низ долината под замокот испука граната, која, за среќа, не успеала да експлодира, спасувајќи ја импресивната градба од уништување. Сепак, јасно се гледа дупката во ѕидот каде гранатата удрила.

Дури и денес, замокот е во сопственост на принцовите на Урач, но е отворен за посетители кои доаѓаат таму за да видат колекција на историско оружје и оклоп. По турнејата, можете да пиете кафе во едно од блиските кафулиња, па дури и да имате нешто за јадење. Некои посетители го споредуваат замокот Лихтенштајн со мегапопуларниот Нојшванштајн, веројатно поради слични готски елементи, но и германски легенди кои сè уште живеат на такви места.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement