Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Евтина туристичка атракција: Луѓето од целиот свет сакаат да стапнат на оваа шахта

Токму на тоа место, 15 септември 1954 година, Мерилин Монро застанала во бел фустан додека го снимала „Седум години верност“.

Најпознатата метро мрежа во светот се наоѓа на југо-запад на раскрсницата од авенијата Лексингтон и 52-та улица во Њујорк.

Под него поминува метрото на линијата број 6, што предизвика кревање на фустанот и создавање на една од најпопуларните сцени во историјата на американската кинематографија.

Оваа сцена немаше да биде толку легендарна доколку местото и времето на снимањето не биле пријавени во медиумите од 20th Century Fox. Се проценува дека помеѓу 3.000 и 5.000 луѓе се собрале на улица и сакале да ја видат Мерилин Монро во живо.

На Авенијата Лексингтон имало толку бучава што режисерот Били Вајлдер не можел да го користи снимениот материјал за филмот. Сцената се повтори на холивудскиот сет, а фотографиите направени пред медиумите станаа моќно оружје за промоција на филмот, но и главна сцена за постерот на филмот.

Меѓу заинтересираните набљудувачи е и нејзиниот тогашен сопруг Џо Димаџо, кој не ја сакаше егзибиционистичката сцена. Двојката наводно се скарала истата вечер, а неколку недели подоцна, Мерилин поднела барање за развод.

Од тогаш Њујорк многу се смени, но решетката од метрото е на истото место, а најголемите обожаватели на Мерилин Монро се сликаат и позираат на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CFKZ3DWH0jT/

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement