Иако соло патувањето, за некои звучи како страшна идеја на почетокот, кога ќе размислите малку подобро за тоа – може да биде многу возбудливо! Секако, ако сте таков тип на личност, но и ако не сте, можеби би можеле да излезете од вашата удобна зона? Но, нека остане план за следната година засега, а дотогаш, да најдеме инспирација каде да патуваме сами и да се забавуваме одлично.
Ако планирате да патувате сами, Европа е веројатно најдобрата локација за такво нешто. Со изобилство историја и култура за истражување, овие европски градови навистина нудат безброј можности за незаборавен одмор. Покрај тоа, она што е подеднакво важно кога патувате без придружба, овие градови се исто така безбедни, а локалните жители се повеќе од подготвени да бидат домаќини на туристите како што треба.
Од еден од најсреќните градови во светот, Копенхаген, па сѐ до најубавиот град во Европа, Бриж, ова се најинтересните дестинации за соло патување што нема да ве остават рамнодушни!














