Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Доживејте го Париз како Коко Шанел

Најголемата врска со стилот на живот на Коко Шанел е хотелот Риц каде живеела 34 години. Хотелот се наоѓа на плоштадот Вендом, а внатрешноста на нејзиниот стан е рефлексија на нејзиниот карактер. Украсен е со лакирани sидови, позлатени лавови, црно-бели тонови и бројни огледала. Влијанието на Коко врз хотелот Риц остана силно и денес, со цената на ноќевањето за време на Париската модна недела да достигне 28 000 евра.

Сепак, она што ја прави Коко Шанел каква што е, е нејзината водечка продавница на 31 Rue Cambon. Следната година, познатата продавница ќе прослави 100 години од своето постоење. Пред да се пресели во хотелот Риц, Коко живеела на оваа адреса, еден кат над продавницата. Покрај работата и живеењето, Коко одржувала ревии и разни собири таму, а до 1935 година, пет згради во Ру Камбон беа во сопственост на Шанел, правејќи ја оваа улица неизбежна дестинација за секој љубител на славниот дизајнер.

За да се релаксира, Коко го посетувала кафето Ангелика на улицата Риволи каде јадела торта од Мон Блан и уживала во топло чоколадо. На вечера, таа одела во Ле Гранд Вефур, ресторан со двестегодишна традиција, проследено со патување во Елисејскиот театар.

Габриел била голем љубител на уметноста, па нејзината соба во Риц била исполнета со илустрации и фотографии. Нејзиниот париски живот бил надополнет со мирисна нота во форма на парфем Шанел број 5. Ако го ставите на себе, ќе мирисате и на животот на една од најголемите модни икони.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement