Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Доживејте го најлуксузниот одмор во срцето на пустината

Гордо сместено на 600 хектари прекрасна природа во Кањонот Поинт во Јута, Амангири е неверојатно луксузно одморалиште кое нуди волшебен поглед на националниот споменик Grand Staircase-Escalante…

Станува зборз за скривалиште со пет sвезди што ви нуди убавина на дивина и изолација, а што ќе стане уште подобро со Камп Сарика од Амангири, уникатен камп што ќе се отвори подоцна оваа година Камп Сарика е дизајниран од Luxury Frointiers, наградувана меѓународна компанија и располага со десет луксузни шатори, сместени во подножјето на планината. Спектакуларното место за зачувување ќе биде отворено цела година, нудејќи ви уживање во сите временски услови.

Луксузните шатори се специјално дизајнирани да ги издржат екстремните временски услови на пустината, со температури кои се движат од -6 до 40 степени за еден ден. Гостите на кампот Сарика ќе имаат пристап до сите погодности на блиското одморалиште Амангири, со можност да посетат пет национални паркови, резервацијата Навахо и бројни други споменици.

Луксузните павилјони се внимателно поставени да нудат непречен поглед на импозантните врвови и имаат една или две спални соби, со простор од 200 до 300 квадратни метри. Сите шатори се со удобна дневна соба, трпезарија и елегантна бања, заедно со надворешни тушеви.

Во ентериерот, гостите можат да уживаат и во барот, специјалните маси за костено дрво, удобните кревети чии глави се украсени со резби инспирирани од околниот пејзаж. Во луксузните шатори има и мебел со потпис од познати брендови како Marset, Dedon, Annie Selke, Nanimarquina, My Home Collection и Christian Liagre.

Сепак, вистинското изненадување може да се види во надворешноста, каде гостите можат да уживаат во загреаниот базен, кој е опкружен со удобни лежалки. Во исто време, има простор за камперски оган со мебел за седење, додека тој е заштитен од силното пустинско сонце од специјално дизајнирани крошни. Празниците во пустината никогаш не звучеле попримамливо…

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement