Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

ДИЗНИ НУДИ ВИП ПАТУВАЊЕ СО ПРИВАТЕН АВИОН ДО СИТЕ НЕГОВИ ПАРКОВИ…

Новото искуство на Дизни ќе однесе 75 среќници во парковите на Дизни низ светот.

Дизни можеби е поврзан со нашето детство, но во изминатата деценија, се чини дека забавниот гигант се обиде да ги задоволи опседнатите со Мики, Мини и многу повеќе, без оглед на возраста.

Најновата објава на компанијата ќе ги исполни соништата на љубителите на Disney World. Компанијата нуди патување со приватен авион што ќе ви овозможи да ги посетите повеќето паркови на Дизни. 24-дневното патување опфаќа шест земји и започнува од 115.000 долари по лице (минималната возраст за патување е 12 години, така што и тинејџерите и секако возрасните можат слободно да се придружат).

Патувањето до Дизни Паркови низ светот започнува во Лос Анџелес, каде што ќе ја посетите локацијата каде што започна се, а завршува речиси еден месец подоцна во Орландо, Флорида. Во меѓувреме, ќе можете да уживате во парковите на Дизни во Токио, Шангај, Хонг Конг и Париз, како и да застанете во светските знаменитости како Големата пирамида во Гиза и Таџ Махал.

Гостите ќе уживаат во ВИП третман во сите паркови на Дизни, што значи пристап до сите атракции, пристап до зад сцената и секако Дизни кујна. За да го овозможи ова неверојатно искуство за 75 учесници од кој било дел од светот, Дизни ангажираше приватен Боинг 757 со приспособена внатрешност, овозможувајќи му на секој патник да има малку повеќе простор.

„Ова сензационално патување е наменето за одредена демографска група која тоа го сака и може да си го дозволи“, вели сопственикот на туристичка агенција која работи со компанијата Дизни.Резервациите за првите две патувања (16 јуни и 28 јули 2024 година) започнуваат на 12 јуни, со приоритет на клиентите на Дизни кои досега поминале најмалку три патувања на Дизни. За другите, регистрацијата започнува на 19 јуни, под услов да има достапност. За повеќе информации, можете да ја посетите веб-страницата на Дизни.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement