Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Две плажи во една: Убавина во дивината која вреди да се посети…

Тоа е дел од копното што поврзува два острова како мост, а само по себе формира плажа со два излеза.

Не сакате да пешачите многу од една до друга плажа? Без разлика дали барате подобра сенка или поинаков поглед или помалку луѓе, тешко дека ќе најдете попрактично место од грчката плажа Порто Тимони. Тоа е дел од копното што поврзува два острова како мост, а само по себе формира плажа со два излеза.

Што и да одберете, не можете да погрешите. Морето е кристално чисто, а самата плажа е со камчиња и песочна. Опкружен е со пошумени ридови, па не е чудно што оваа глетка привлекува многу посетители. Затоа се препорачува да се дојде во раните утрински часови или уште подобро, надвор од туристичката сезона кога нема многу луѓе, а времето е сеуште совршено.

Порто Тимони се наоѓа недалеку од селото Афионас, на западниот брег на островот Крф. До плажата може да се стигне пеш од Афионас, или со брод или чамец од околината. Пешачката патека е добро обележана и ќе ви треба околу половина час за да стигнете до плажата. Но, што е малку одење по карпите низ грмушка за оваа убавица? Особено убаво искуство е да се искачите на околните ридови од каде што има спектакуларен поглед на оваа двојна плажа и нејзините два заливи.

П.С на плажата Порто Тимони ја нема типичната содржина како кафуле, тоалет или продавница. Тоа е дива плажа, па понесете сè што ви треба со вас – и уживајте.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement