Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Две држави во Европа се борат за титулата најпосетувана дестинација:За која би гласале вие?

Бројките јасно покажуваат која е најпосетуваната европска земја, а со нив се занимаваше аналитичката и консултантска компанија GlobalData.

Дестинациите на Стариот континент ги посетуваат повеќе од 500 милиони туристи годишно. Многу европски земји се атрактивни, но кои се најпосетувани?

Претежно на врвот се земји како Франција, Италија и Шпанија.

Најпосетувана земја во светот е…
Во периодот пред пандемијата, Франција беше официјално најпосетувана земја.Во текот на 2019 година земјата ја посетиле 88,1 милион туристи, покажуваат податоците на споменатата компанија.

Првото место во 2021 година го зазеде Шпанија, но Франција се чини дека е на пат да ја престигне, бидејќи минатата година земјата ја посетија 66,6 милиони туристи од целиот свет.

  • Покрај Италија и Шпанија, Франција води значаен сегмент на раст во Западна Европа – изјави за „Euronews“ Хана Фри, аналитичар за патувања и туризам во споменатата компанија и додаде:
  • Земјата не е популарна само меѓу европските туристи, особено од Велика Британија, Германија и Белгија, туку и меѓу туристите од далечните земји, како Кина и Америка.

Предвидувањата на компанијата се дека бројот на туристи кои ќе ја посетуваат Франција ќе расте со годишна стапка од 12,1 отсто до 2025 година, така што земјата дотогаш треба да привлече околу 93,7 милиони туристи, зацврстувајќи ја титулата најпосетувана земја во светот.

Зошто Франција?
Компанијата го наведува превозот како една од главните причини за толку голема посетеност. Имено, не само што француските градови се многу добро поврзани еден со друг благодарение пред се на системот за брзи возови, туку и земјата е генерално многу добро поврзана со повеќето европски земји.

На тоа, секако, треба да се додадат и многу знаменитости, не само во главниот град на Франција, туку и воопшто во целата земја.

Втората најпосетувана земја во светот е…
Мала е разликата во бројот на туристи на глобално ниво меѓу Франција и Шпанија, која е и втора најпосетувана земја во целиот свет.

  • Посетите на Франција и Шпанија ќе останат силни во годините што доаѓаат, а фестивалите, културата и гастрономијата ќе бидат многу привлечни за туристите – истакна Фри и додаде:
  • Двете земји имаат што да им понудат на посетителите, со нивните уникатни култури, кујни и атмосфера. Двете земји се исто така релативно големи, со различни пејзажи, и секоја од нив има свое уникатно крајбрежје.

Прогнозите на споменатата компанија се дека Шпанија до 2025 година ќе привлече 89,5 милиони туристи и дека во оваа смисла ќе ја следи првопласираната Франција.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom