Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Дали сте расположени да се опуштите во луксузна куќа Меѓу дрвја?

Ако одморот во луксузна куќа од дрво звучи како совршен план, ние ја имаме вистинската понуда за вас

Питер Пичлер, почитуван архитект од Милано, дизајнирал луксузно одморалиште во природен стил, во Западна Вирџинија, САД. Со отворањето планирано за следната година, оваа еколошка дестинација е создадена како дело на истоименото студио на Пичлер, и изгледа навистина прекрасно, исто како и неговата природна средина. Комплетот куќи на дрвјата ќе биде распространет на стотици хектари зелени предели, со поглед на идиличното езеро Досон и епскиот планински предел.

Секоја куќа од дрво ќе добие модерна силуета во форма на дијамант, проследена со остри линии, кои ќе бидат во идеална споредба со зеленилото што ги опкружува. Далеку од обични дрвени куќи, овие згради ќе бидат исполнети со луксуз и ќе им понудат на своите гости двокатен распоред. Во долното ниво ќе има мал агол за читање и чардак, додека горниот кат се состои од спална соба и мала бања. Како што се очекуваше, куќите ќе добијат луксузни парчиња мебел, заедно со прозорци од подот до таванот. Згора на сето тоа, секоја структура ќе биде изградена со употреба на локално издржливи материјали, за да се исполни предизвикот за Living Building.

Покрај куќите на дрвјата, еколошкото одморалиште ќе вклучува и центар за настани, едукативни работилници, голема програма посветена на визуелни уметности и перформанси, како и бројни понуди за велнес.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement