Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Дали Индија навистина ќе стане туристичка велесила?

Паралелно со зголемувањето на бројот на патници, Индија бележи и значителни финансиски инвестиции во воздухопловството и туристичките центри.

Откако неодамна стана најнаселената нација во целиот свет, имаше шпекулации за тоа дали Индија ќе продолжи да ја надминува Кина на многу полиња.

Бидејќи е забележливо растечкото влијание на оваа сила на светската сцена, се очекува тоа да се однесува и на туристичкиот сектор, па се поставува прашањето дали Индија навистина ќе стане велесила во туризмот?

Според CNN,изразени се очекувања, врз основа на достапните извештаи, дека Индија ќе потроши повеќе од 42 милијарди долари за појдовни патувања до 2024 година.

Извршниот директор на веб-страницата за патувања и резервации „„Agoda“, Омри Моргенштерн, овој феномен го окарактеризира како вистински туристички бум и истакна дека во моментов Индија е излезна дестинација со најголем раст.

Паралелно со зголемувањето на бројот на патници, Индија бележи и значителни финансиски инвестиции во воздухопловството и туристичките центри.

Бројни инвестиции
Покрај проширувањето на воздухопловниот сектор, експертите сметаат дека значајните подобрувања во инфраструктурата во земјата придонеле за раст на туристичкиот сектор.

Планот на индиската влада е да потроши дури 11,9 милијарди долари на аеродромите до 2025 година, објави претходно Ројтерс. Сепак, заедно со официјалните инвестиции, приватниот сектор исто така игра значајна улога во развојот на индиската воздухопловна индустрија.

  • Мислам дека има комбинација од инвестициите на Владата и капацитетите на самите авиокомпании, кои преземаат исклучително храбри чекори во однос на зголемувањето на капацитетот – изјави Моргенштерн за Си-Ен-Ен.

Каде патуваат Индијанците?
Според податоците на веб-страницата „Agoda“, неодамна Индијците патуваат на многу повеќе дестинации отколку во минатото. Пред почетокот на пандемијата, некои од европските дестинации, како што се Швајцарија и Франција, не беа толку популарни меѓу жителите на Индија. На врвот на листата во тој период се најде Тајланд, а потоа следат Малезија и Индонезија.

Што се однесува до дестинациите во Југоисточна Азија, оние што ги фаворизираат Индијците речиси и не се променети, но забележлив е бројот на патници.

  • Забележливо е дека многу поголем број Индијци патуваат во Виетнам, Сингапур, Индонезија и Малезија. Иако претходно имаше индиски патници на тие дестинации,тие не беа толку многу бројни како денес – објасни Моргенштерн.

Тој изрази и очекувања дека бројот на патувања на Индијците во Виетнам ќе се зголеми за најмалку илјада проценти, нагласувајќи дека земјите од Југоисточна Азија и натаму остануваат на врвот на најпосетуваните дестинации кога се во прашање патниците од Индија.

Забележливо е и тоа што Индијците не бираат толку често дестинации во Кореја и Јапонија, како и во Тајван, што се претпоставува дека се должи на уделот на прво место.– Кога разговараме со претставниците на туристичките власти, тие ја препознаваат Индија како растечка сила и сите имаат некакви планови – објаснува Моргенштерн и додава дека сите тие се само на почеток кога станува збор за промоција на дестинации за патниците од Индија.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
marsbahis   grandpashabet   casibom