Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Дали е ова најспектакуларното патување со воз во Европа?

Во минатото, возовите беа најмодерниот и најгламурозниот начин за патување …

Дами и господа со својата најдобра свечена облека, уживале во живописните патувања, пиејќи шампањ, како да се во најпрестижниот ноќен клуб. Денес, патувањето со воз стана вообичаена појава, откако ја изгуби дозата гламур. Сепак, иако локомотивите на пареа ја изгубија битката со електричните, привлечноста на патување со воз и откривање на прекрасните пејзажи на нашата планета дефинитивно победува од секој поглед.

Ова е токму случајот со возот кој оди од Осло до Берген. Како повеќе од само врска помеѓу два норвешки града, ова патување е неверојатно и посебно искуство, исполнето со фасцинантни природни чуда и недопрени пејзажи кои ви го одземаат здивот.

Каде ве води возот од Осло до Берген?

Бергенсбанен поаѓа од Централната станица во Осло неколку пати на ден. На патувањето, кое трае просечно седум часа, железничката пруга на голема надморска височина ја следи висорамнината Хардангервид, поминувајќи пејзажи што одземаат здив попатно. Може да видите зелени долини, езера, густи шуми, планини прекриени со снег, вртоглави водопади, реки намотани и вкупно 180 тунели пред возот да стигне до крајната дестинација.

Кога да се оди на тоа патување?

Нема погрешна сезона за ова патување од 500 километри. Есента носи живописни бои на лисјата. Зимата обезбедува неверојатни сцени од снег. Пролетта фрла светла и зелена магија врз селата. И само размислувањето за летното сонце што се одбива од глацијалните езера ја поттикнува нашата желба да патуваме.

Како да резервирате билети?

Можете да купите билети до 90 дена однапред на веб-страницата. Што се однесува до изборот на места, двете страни на возот нудат преглед на разни пејзажи. Ако сакате фотографии за кои се гарантира дека предизвикуваат љубов на Инстаграм, препорачливо е да резервирате место лево (кон југ). Билет во еден правец чини околу 43 американски долари – во зависност од часот и времето на резервација.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement