Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Градовите кои го нудат најдоброто на истокот од земјата: Марибор и Птуј се скапоцените камења на Словенија…

Иако површно не се особено големи, тие нудат многу удобности во урбана смисла, како што се добри ресторани и хотели и бројни настани.

Многу порелаксиран начин на живот го карактеризира источниот дел на Словенија. Долгиот планински масив Похорје, со феноменални погледи, на посетителите им нуди можност да уживаат во пешачење, скијање и возење велосипед. Се зависи од тоа во кој период од годината го посетуваат овој дел од земјата.

Гастрономската понуда, проследена со одлична понуда на вино, но и порелаксиран начин на живот во споредба со подрачјето на Јулијанските Алпи, Јадранското крајбрежје или главниот град Љубљана, се некои од причините поради кои источниот дел на земјата се издвојува од останатите.

Градовите Марибор и Птуј се можеби најдобрите што може да ги понуди регионот. Иако површно не се особено големи, тие нудат многу удобности во урбана смисла, како што се добри ресторани и хотели и бројни настани. Од друга страна, тие се доволно мали за посетителите да можат да уживаат во прошетка или некоја од пократките екскурзии во околината.

Првиот од двата скапоцени камења на источна Словенија
Комерцијалниот и регионален центар на тој дел од земјата, Марибор лежи на реката Драва. Меѓу другото, познат е по многубројните гледишта и Куќата на старата лоза. Иако лозата е стара четири века, сепак секоја година од тоа грозје се произведува вино. Иако во помала количина.Животот во Марибор е особено интересен во текот на летото, иако пред се благодарение на студентите градот живее преку целата година. На просторот околу главниот градски плоштад се сместени бројни угостителски објекти.

Љубителите на архитектурата и историјата ќе ги воодушеви Мариборската катедрала, изградена во 12 век. Во градот има и синагога, која била изградена два века подоцна и е нем сведок на историјата на еврејската заедница Марибор.

Во близина е еден од познатите словенечки ски центри. Мариборско Похорје е најголемиот скијачки центар во земјата и може да се стигне по кратко возење. На околу еден час се наоѓа Рогла, уште еден скијачки центар, кој е особено атрактивен за семејни одмори, бидејќи се карактеризира со релативно благи падини.

Приближно 700 километри долгата патека што го следи текот на реката Драва, од нејзиниот извор во Италија до блиската Хрватска, е особено атрактивна низ Словенија. Потребни се околу три часа лесно возење велосипед за да се стигне од Марибор до Птуј.

Град кој комбинира релаксација и историја
Најстариот и според многумина еден од најинтересните словенечки градови бил населен уште во камено доба, пишува „Lonely Planet“.

Замокот изграден во текот на 11 век доминира во Птуј. Денес во него се наоѓа регионалниот музеј, кој може да се пофали со збирки портрети, музички инструменти и оружје од средниот век. Посетителите брзо го забораваат заморот по планинарењето до врвот каде што се наоѓа замокот, бидејќи погледот од таму често ги остава без зборови.

Идеален начин за релаксација се термалните бањи „Птуј“. Особено ако од Марибор до Птуј сте стигнале со велосипед. Прекрасно украсениот спа центар е особено привлечен за најмалите, бидејќи тие можат да уживаат во базените со бранови и да се спуштаат по лизгалките.

И додека го посетувате тој дел од земјата, не заборавајте дека ова е најпознатиот вински регион во Словенија. Некои винарии нудат и организирани тури со дегустации.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
rexbet   rexbet   rexbet   betebet   betebet   süperbet   süperbet   betebet   betebet   betebet   betebet   holiganbet   holiganbet   meritking   meritking   onwin   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   casibom   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet   casibom