Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Глетка што не се гледа секој ден! Град со 530 замоци во кој никој не живее

Станува збор за град на духови исполнет со дури 530 минијатурни и делумно изградени замоци кои зјапаат во празно.

Северозападно од Турција, во близина на градот Мудурну, лежи необично место наречено Бурџ Ал Бабас. Станува збор за град на духови исполнет со дури 530 минијатурни и делумно изградени замоци кои зјапаат во празно.

Кога браќата Јерделен започнале да го градат Бурџ Ал Бабас во 2014 година, се верувало дека зградите што потсетуваат на сцените од Дизниленд ќе ги купуваат богати странци. Требало да се изградат повеќе од 700 мини замоци, од кои секоја била продадена однапред по цена од 400 000 до 500 000 долари.

Освен мини замоци, во населбата требало да има продавници, кино и други објекти за разонода и забава.

Но, економската криза предизвикана од падот на цената на нафтата во Турција ги спречи нивните планови. Изградбата на ова луксузно одморалиште, во кое биле вложени околу 200 милиони долари во 2019 година, е прекината поради намалениот интерес од потенцијалните купувачи, и на крајот поради банкрот на инвеститорот.

Наместо ексклузивно место за богатиот Бурџ Ал Бабас се претвори во туристичка атракција. Патниците кои се наоѓаат на овие простори сакаат да го доживеат ова необично место во живо и да направат неколку фотографии за паметење и социјалните мрежи.

Погледнете како изгледа Бурџ Ал Бабас во галеријата со фотографии.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement