Биткоин Сити ќе има кружен облик како паричка, а сè во градот ќе биде посветено и инспирирано од оваа криптовалута – од станбени населби преку деловни канцеларии, музеи, кафулиња и ресторани.

На јужниот брег на Ел Салвадор во заливот Фонсека и во подножјето на вулканот Кончагуа ќе биде изградена метропола наречена Биткоин Сити или Биткоин град. Името го доби затоа што ќе биде град чија изградба ќе се финансира со оваа криптовалута.

Ел Салвадор привлече големо внимание кога, во септември 2021 година, официјално стана првата земја во светот што го воведе Биткоин како законско средство за плаќање со американскиот долар.
Мексиканското архитектонско студио Fernando Romero Enterprise е задолжено за дизајнот на концентричниот град кој се шири од централниот плоштад означен со логото на Bitcoin. Градот треба да се напојува со геотермална енергија од блискиот вулкан Кончагуа, кој исто така ќе се користи за ископ на биткоин.

Салвадорскиот претседател откри дека на врвот на вулканот ќе биде изграден видик од кој ќе се сними прекрасен поглед на градот и неговата околина. Градот треба да почне да се гради оваа година, а колку биткоин ќе се потроши за оваа авантура останува да видиме.
