Ако некогаш сте замислувале да шетате низ мал град кој се чини дека излегол од некој филм од бајките, стариот канадски град Квебек го нуди токму тоа, особено кога е покриен со снегулки и празнични украси.
Стариот град во Квебек, Канада изгледа прекрасно цела година, особено за време на Божиќните празници. Неговите стари sидови делуваат како сценарио од некоја бајка.
Фотографот Емануел Ковени не може да одолее на овие сцени, па секоја година го фотографира овој дел од градот и со своите фотографии воодушевува многумина на социјалните мрежи.
Погледнете колку е прекрасно таму:









