Вистинското име на овој остров е Пора Пора, што во превод од тахитски јазик значи првороден. Но, првите европски доселеници во 18 век погрешно го слушнале името и почнале да го нарекуваат Бора Бора, што опстојува до денес.

Бора Бора е прекрасен остров кој зафаќа околу 30 квадратни километри во Француска Полинезија, поточно во архипелагот на Society Islands во Тихиот Океан. Поради својата нереална убавина – тиркизното море што го опкружува и белите песочни плажи, многумина го нарекуваат рај на Земјата.

Вистинското име на овој остров е Пора Пора, што во превод од тахитски јазик значи првороден. Но, првите европски доселеници во 18 век погрешно го слушнале името и почнале да го нарекуваат Бора Бора, што опстојува до денес.

Поради изолираната локација на островот, прекрасните пејзажи и пријатните температури во текот на целата година, Бора Бора е одлична дестинација за романтично бегство за двајца. Затоа не е чудно што се нарекува романтичен остров, ниту пак тоа што многу парови го избираат како место за меден месец.
Штом стигнете на островот, ќе ви понудат да залепите цвет зад увото. Внимавајте каде го ставате и каде го носат другите. Ако забележите личност што ви се допаѓа и би сакале подобро да ја запознаете, а таа носи цвет завиткан зад десното уво – отстапете. Оваа личност е во врска или брак. Ако носи цвет сместен зад левото уво – тој е сингл и веројатно бара љубов.

Бора Бора е исто така совршена дестинација за љубителите на нуркање, а една од најпопуларните тури е нуркањето со ајкули со стручно водство. Не грижете се, ништо лошо нема да ви се случи ако ги следите правилата,има повеќе шанси да се повредите доколку од блиското дрво ви падне кокос на глава.

