Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Величенствена вила со потпис на Aston Martin

Од познати автомобили до фантастични вили – марката Астон Мартин се чини дека се истакнува во се што прави.

На изненадување на своите обожаватели, славната марка пред некое време ги позајми своите дизајнерски вештини на приватен, станбен имот, во соработка со студиото С3 Архитектура. Наречена Sylvan Rock, оваа резиденција доби аголен дизајн кој погодно ги имитира геолошките карпести формации на самиот имот. Имотот се наоѓа во долината Хадсон и може да се стигне преку живописен пат, кој е нареден со дрвореди и камени sидови.

Изграден со употреба на темно кедар и стакло, главната резиденција е со површина од околу 500 квадратни метри и содржи четири спални соби, две бањи, галерија гаража со доволно простор за три автомобили, прекрасен визба за вино, базен и куќа покрај него, како и функционална куќа за гости. Исто така постои и куќа од дрво, покрај зеленчуковата градина.

Коментирајќи, Катал Луан, директор на Aston Martin Partnerships, вели: „Силван Рок е силна мешавина на дизајн чувствителност. Создавањето луксузна резиденција со топли текстури, смели форми и исклучителна приватност е во согласност со визијата на Астон Мартин. Сакавме сопственикот и неговите гости да ја доживеат тродимензионалноста на вилата на органски начин, исто како што тоа го правеа со нашиот автомобил “.

Цената на оваа вила е 7,7 милиони долари.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement