Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Вака ќе изгледа совршениот град на иднината за 5 милиони среќници…

Архитект на градот е данската компанија Bjarke Ingels Group (BIG), која неодамна во јавноста објави подетални погледи на Телоса.

Минатиот септември, американскиот претприемач Марк Лоре најави изградба на совршен град на иднината наречен Телоса.

Стануваше збор за самоодржлив град наменет за пет милиони жители, кој требаше да се изгради некаде на територијата на Соединетите Американски Држави, и кој треба да ги комбинира принципите на шведскиот социјален систем, јапонската ефикасност и различноста во Њујорк.

Иако се уште се трага по совршената парцела на која ќе се гради Телоса, познато е како ќе изгледа овој град на иднината кој ќе се простира на 150.000 хектари.

Архитект на градот е данската компанија Bjarke Ingels Group (BIG), која неодамна во јавноста објави подетални погледи на Телоса. Никого не изненадува што е замислено како место со многу зелени површини наменети за прошетка и рекреација.

Градот ќе биде поделен на 36 густо населени области со повеќе намени, од кои секоја ќе биде дизајнирана така што до сите посакувани удобности и работни места ќе може да се стигне за 15 минути пеш.

Телоса ќе има сè, од стадион за спортски настани и музичка сала за концерти до музеи, галерии и велнес центри, додека во панорамата ќе доминира облакодерот Equitism.

Еквитизмот ја отелотворува основната премиса на новиот економски систем во кој сите граѓани имаат удел во градската земја, поради што дополнително се мотивирани да го направат тој да расте и да напредува.

Градот ќе користи целосно обновлива енергија и треба да користи 92 отсто помалку вода од другите постоечки градови. Тој треба да биде изграден во следните четириесет години, додека првите жители треба да се вселат до 2030 година.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement