Посетителите на хотелот „Matices Hotel de Barricas“ во близина на градот Tequile, каде е создадена оригиналната текила, имаат можност да спијат во простории дизајнирани да изгледаат како вистински буриња текила, среде пустинско поле со агава од кое се прави овој жесток алкохол.
Хотелот има 30 соби со изглед на барел (буре), а тие исто така имаат четири нормални соби наречени Silver King соби.
Иако околината изгледа како да сте среде пустина, собите се опремени со сè што сте навикнале во нормални хотели. Така, гостите во собата имаат ТВ, клима уред, мини бар и има опција за приватно џакузи во малку поскапи „буриња“.
Хотелот е дел од дестилерија која произведува 15.000 литри текила дневно, а исто така нуди и обиколка на фабриката за да можат да го видат процесот на производство од почеток до крај.
Можете исто така да купите текила од продавницата за сувенири и нормално по ваша желба, да дизајнирате сопствено шише.
Исто така постои и музеј во кој може да се запознаете со историјата на текилата, а за луѓето што се гладни, има и ресторан/бар La Taberna del Cofrade, сместен во пештера на 4,5 метри под земјата.
На ова место, локалното население произведувало текила, додека било забрането за време на шпанското владеење.
