Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Бајковит одмор во срцето на швајцарските Алпи

Дали барате волшебна дестинација за одмор, да се одморите од светот и сѐ што се случува?

Со својот луксузен и модерен дизајн во исто време, хотелот 7132 е идеално место за токму тоа и се наоѓа на идилична локација, на швајцарските Алпи. Дизајнот на хотелот е потпишан од Том Мејн, еден од најпознатите архитекти во светот, кој заедно со неговиот тим го редизајнираше целото лоби. Тој успеа да создаде прекрасен контраст помеѓу полирани, бели површини со брилијантен сјај и нежни, органски линии. Очигледно, целиот хотел и сите негови ентериери комуницираат со грандиозниот пејзаж на Алпите. Хотелските соби биле дизајнирани од реномирани експерти, како што се Питер Зумтор, Кенго Кума и Тадао Андо, и секој архитект останал верен на себе кога го креирал својот дизајн. Без разлика дали се дизајнирани во современ, алпски или модерен стил, сите соби и апартмани имаат два заеднички фактори: софистицираност и луксуз.

Посетителите на хотелот ќе имаат можност да прошетаат во термалната бања, дизајнирана од Питер Зумтор. Архитектот користел повеќе од 60 000 локално снабдени кварцитни плочи, што ќе ги остави сите гости без зборови.

Покрај спа-центарот, хотелот има три ресторани и еден бар, каде готвачот Свен Васмер доби Michelin ѕвезда за неговите оригинални, рафинирани и вкусни креации. Цените на собите се движат помеѓу 340 и 2.500 евра, додека хотелот ќе ги воодушеви дури и најсложените гости – всушност, ова е единствениот хотел во Швајцарија кој има свој приватен хеликоптер!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement