Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Архитектонско чудо: Прекрасно одморалиште кое „исчезнува“ во пустинските карпи

Неверојатен еколошки ресорт наречен „Пустински Камен“ (Desert Rock) се гради на западниот брег на Саудиска Арабија според идејата на американската архитектонска фирма Oppenheim Architecture…

Desert Rock вклучува изградба на одморалиште во планинско-пустинскиот дел каде некогаш живееле арапските номадски племиња на Набатејците. Внатрешните и надворешните простори на ова одморалиште ќе бидат изградени внатре во карпести пукнатини и пештери, но и на засенчени падини.

„Зградите ќе изгледаат како да исчезнуваат во пејзажот“, откри портпаролот на Oppenheim Architecture. Имено, сместувачките единици ќе се спојат со топографијата, а нивната главна цел е да ја заштитат животната средина и да им овозможат на гостите да се поврзат со природата и локалната култура.

Одморалиштето ќе има 48 луксузни вили и 12 хотелски соби во планините до кои ќе се стигне преку скриена долина меѓу карпите. Гостите исто така ќе имаат пристап до најсовремениот спа и фитнес центар, ресторани на затскриени места и слични удобности.

Red Sea Development, кој разви еден од најамбициозните регенеративни туристички проекти во Црвеното Море – проектот The Red Sea, е задолжен за изградба на одморалиштето Desert Rock, кое ќе се простира на околу 31.000 метри квадратни.

Погледнете како ќе изгледаат сместувачките единици на Desert Rock во нашата галерија со фотографии.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement