Сончевиот остров Сардинија ќе ви плати 15.000 долари за да се преселите таму, засекогаш!
Италијанскиот сон, кој вклучува секој ден уживање во најсвежите и највкусните тестенини, со поглед на најубавите зајдисонца на западниот брег на Италија, е поблиску до реалноста отколку што може да се замисли.
Сардинија се бори против депопулацијата на генерално пренаселената планета, нудејќи им на луѓето до 15.000 долари да се преселат таму! Со цел да се справи со опаѓањето на населението и слабата економија, владата на Сардинија одвои 44 милиони долари кои ќе бидат распределени на оние кои сакаат да се преселат на овој идиличен остров. Калабрија, уште еден мал остров во јужна Италија, понуди до 33.000 долари на луѓето кои сакаат да се преселат во некои од најруралните села за да го поништи падот на населението во регионот.Ако вашиот сон е да живеете на Сардинија, мора да знаете дека оваа понуда има некои предуслови. За да го добијат максималниот износ од 15.000 американски долари, апликантите мора да бидат подготвени да се преселат во рурална општина со население помало од 3.000 жители, да живеат таму и да направат долгорочна инвестиција во земјиштето. Парите мора да се потрошат само за купување и реновирање на куќа во Сардинија, со непосредна регистрација за престој во Сардинија во рок од 18 месеци од пристигнувањето.

„Благодарение на придонесите за првите куќи, Сардинија станува плодна почва за оние кои ќе се преселат таму или ќе одлучат да градат семејство. Не може да има раст без реално подобрување на териториите, внатрешноста и најранливите области, кои мора да поминaт низ нови политики за нивно преселување. За некои, идејата да живеат во град на Сардинија со помалку од 3.000 жители со дополнителен бонус од 15.000 долари е живот од соништата“, рече претседателот на Сардинија, Кристијан Солинас.
