Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Знаете ли зошто сте неконтролирано гладни за време на ПМС?

Дури и ако не го следите менструалниот календар, во моментот кога манично ќе започнете да јадете чипови, а потоа сладолед, а можеби и да изџвакате некоја кисела гума за џвакање некаде меѓу сета таа храна, знаете дека „оние денови“ ви се пред врата. Многу жени за време на ПМС имаат неконтролиран глад и желба за храна. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто се случува ова?

Како и другите симптоми, како што се болка во градите и промени во расположението, тие се поврзани со биохемиски промени што се случуваат за време на менструалниот циклус.

Експерти од универзитетот „Justus-Liebig“ од Гисен истражуваа зошто жените се особено склони кон напади на глад за време на ПМС. Во текот на три месеци, тие следеа 35 здрави и млади жени кои не користеле хормонална заштита и дојдоа до интересни резултати што ги објавија на научниот портал ScienceDirect.

Жените доаѓале во лабораторија повеќе пати во текот на циклусот – првично, за време на овулацијата и за време на ПМС. За време на тестирањето, на учесниците им биле прикажани фотографии од различна храна, оние со помалку и оние со повеќе калории, а тие требало да ги оценат според посакуваниот вкус, односно која прво ќе ја јадат.

За време на овој процес, експертите користеле ЕЕГ-уред за да следат што се случувало во нивниот мозок, со цел да се поврзе вниманието и чувствителноста на индивидуалните прикажани предмети. Покрај тоа, била измерена концентрацијата на хормонот прогестерон. Се разбира, покрај тоа, тие ги забележале и набудувањата на жената во текот на одредени денови во циклусот.

Истражувањата покажаа точно како жените за време на ПМС реагираат повеќе на оние намирници кои имаат повеќе калории отколку во кое било друго време во циклусот. Истото внимание во тој дел од циклусот не е предизвикано од нискокалорична храна.

Врз основа на добиените резултати, експертите посочија дека жените кои имаат понизок прогестерон пред менструацијата и посилна болка за време на тоа, имаат поизразени напади на глад.

Истиот тим одлучи дополнително да испита дали искажаната потреба е нездрава или здрава за женското тело. Не би ни пречело ако истражувањето покажало дека нашата потреба за чипс на одредено ниво го штити нашето тело.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement