Сува кашлица, треска и отежнато дишење од почетокот на пандемијата се земаат како главни симптоми на КОВИД-19. Со текот на времето, други симптоми, како што се губење на вкус и мирис, се забележани кај различни пациенти, а според последните откритија, може да предизвика и промени на кожата.
Лекарите ги нарекоа овие промени „Covid toes“ и тие најчесто се црвени или црвено-виолетови отоци кои се чувствителни, чешаат и / или создаваат чувство на „печење“. Најчесто се појавуваат на ножните прсти, исто така петиците и прстите на рацете.
Џоана Харп, американски дерматолог од Универзитетот Корнел, специјализирана за кожни нарушувања поврзани со внатрешни заболувања, додаде дека повеќето пациенти кои ја забележале оваа промена биле асимптоматски или имале благи симптоми и најчесто целосно се опоравуваат дома.
Хумберто Чои, лекар на клиника во Кливленд, објаснува дека не е невообичаено некој што има вирусна инфекција да добие осип или дамки по телото. „Може да се случи со други вирусни респираторни инфекции како сипаници“, изјави Чои, додавајќи: „оваа состојба може да предизвика мала блокада или микро-згрутчување во крвните садови лоцирани на прстите“.
