Сочна, слатка, вкусна, нема кој не сака банани.
Денес се одбележува Светскиот ден на љубителите на ова тропско овошје. Ние ви даваме 10 предлози за тоа како да ја користите кората од бананите, наместо да ја фрлате, за целосно уживање во оваа овошка.
- Исчистете ги листовите на растенијата
Избришете ги листовите од вашите растенија со кора од банана. Ќе добијат свеж сјај, ќе се хранат, но и ќе бидат исчистени од прашина.
- Ставете ги на месото додека се пече
Ако ставите кора од банана на месото, за време на печење, па дури и на скара, или во тава, тоа ќе ја зачува својата сочност и нема да стане суво.
- Ослободете се од акните
Ензимите кои се наоѓаат во кора од банана ќе имаат корисен ефект врз вашата кожа и ќе го негуваат, а се што треба да направите е да го премачкате лицето со нејзината внатрешна страна. Истиот систем се користи за лекување на хемороиди.
- Излечете ги брадавиците
Ако имате брадавици на кожата, истријте ги секоја вечер со внатрешноста на лушпата, а потоа ставете ја кората од банана, завиткајте ја и спијте со неа. Брадавицата треба да исчезне за најмногу две недели.
- Белете ги забите
Пред миење, тријте ги на две минути со внатрешноста на кората. Резултатите ќе бидат видливи брзо.
- Намалете го чешањето од каснување од комарец
Нанесете ја кората од банана на местото на убодот и чешањето брзо ќе исчезне.

- Направете чај
Бананата позитивно влијае на расположението. Направете чај од кора од банана. Во сад со врела вода, додадете кора од две банани и оставете ги да застојат заедно околу 15 минути. После тоа, истурете го чајот во чаша. Исто така, помага при несоница и го хидрира организмот.
- Ослободете се од инсекти
За оние кои имаат градина и не сакаат да користат инсектициди, ова е идеално решение. Закопувајте парчиња кора од банана длабоко неколку сантиметри околу растенијата и инсектите ќе ги заобиколат.
