Нешто повеќе од шампањ, La Grande Dame е преубав подарок во секоја смисла на зборот…
Veuve Clicquot е присутен во Grand Cru круговите уште од 1760 години. Мадам Клико знаела дека и е потребно најдоброто грозје како би го произвела најдобриот шампањ. Благодарение на нејзината неверојатна интуиција, таа пронашла неколку парцели за кои се испоставило дека се најдобрите во регионот. Потоа, купила престижни парцели како што се Verzenay, Verzy и Bouzy, при што секоја од нив сега е квалификувана како Grand Cru и произведува горзје кое се користи во мешавината за La Grande Dame.
Всушност оние кои мадам Клико интуитивно ги има одбрано, препознавајќи го нивниот квалитет за производство на врвно грозје, на светот му подарија неверојатен подарок – La Grande Dame, шампањ кој импресионира и го менува мислењето на многумина кога станува збор за овој пенлив пијалок.
Како резултат на стотина години уметност и знаење, La Grande Dame е без сомнение шампањ кој се пие за големи прослави и со самото тоа заслужува да биде славен. За 2008 берба, Veuve Clicquot брендот се здружи со францускиот производите на кристал Baccarat, со цел заедно да го креираат фантастичното ограничено издание.
Инспирирани од писмата кои мадам Клико ги разменувала со своите агенти и клиенти низ целиот свет, La Grande Dame by Baccarat шишето доби облик на шише за мастило креиран од црн кристал, комбинирајќи во себе шест типови на La Grande Dame шампањ – 1989, 2004, 2008, Brut & Brut Rose. Во својата база содржи сет од четири Baccarat чаши и фиока која се трансформира во послужавник обложен со кожа.



