Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Тајната на совршената коса на индијките е масло: Еве кое природно масло најдобро одговара на вашиот тип на коса!

Растителното масло за коса е основниот козметички препарат на секоја индиска жена, и со причина: длабоко ја храни косата, 100% е природно и ја храни не само косата, туку и темето. Подолу можете да дознаете кое растително масло одговара на вашиот тип коса.

Имате проблеми со скалпот:

Ако имате првут, габични заболувања на скалпот или себороичен дерматитис, тогаш мешавина од бадемово и рицинусово масло е идеална за вашата коса. Рицинусово масло и дава здрав изглед на косата и ја подобрува нејзината густина, дава сјај на косата и го забрзува нејзиниот раст. Рицинусовото масло помага и во третманот на првут и други проблеми со скалпот.

Бадемовото масло е богато со витамин А кој ги штити фоликулите. Масажата на скалпот со бадемово масло го стимулира обновувањето на косата и ја враќа мекоста, сјајот и волуменот на косата. Негувајќи го коренот на косата, маслото од бадем спречува пад и пукање на советите, а во исто време ја смирува иритацијата на скалпот.

Испукани краеви, сува и оштетена коса:

Кокосово масло, масло од синап и рицинусово масло се добар избор за оштетена коса. Кокосовото масло спречува оштетување на косата и помага да се опорави оштетената коса.Со редовна употреба, рицинусовото масло може да го поправи и оштетувањето на косата предизвикано од хемиски средства (боење на косата, минивал, белење).

Кокосовото масло ги обновува оштетените краеви и дава сјај и хидратација на сувата и оштетена коса. Маслото од синап е идеално за нега на сува коса, бидејќи помага и на кожата и на косата да бидат длабоко хидрирани.

Вашата коса е ретка или паѓа:

Ако имате проблеми со опаѓање на косата, тогаш рицинусовото масло е добар избор за вас, што помага косата побрзо да расте и го намалува опаѓањето на косата. Рицинусовото масло го стимулира растот на косата, дури и на места каде што косата не пораснала порано. Паѓањето на косата може да го третирате и со мешавина од рицинусово и бадемово масло. Го забрзува растот на косата, бидејќи длабоко ги храни фоликулите на косата и ги намалува иритациите на скалпот.

Имате нормална, здрава коса:

Ако имате нормална коса за која сакате да се грижите за да остане таква, тогаш маслиновото масло е одличен избор за вас, на кој можете да додадете (на 100 ml) една лажица бадемово масло, за дополнителен сјај и нега.

Освен за нега на коса, растителните масла се идеални и за нега на коса кај децата, а во Индија дури и кожата на бебето се негува со растителни масла.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement