Дали сте пробале американски палачинки?
Да се направи ова врвно задоволство во обична тава не е проблем и сите можете да го сторите тоа!
Американските палачинки се врвен десерт кој се разликува од класичните палачинки по дебелина, што се добива со густината на тестото и додавањето на прашок за пециво.
Тестото е толку густо што едвај се шири на тавата, па лесно можете да го обликувате како што сакате.
Потребни состојки:
– 200 грама брашно
– 2 лажички прашок за пециво
– малку сода бикарбона
– 2 јајца
– 300 милилитри млеко
– 1 лажица масло или путер
– Малку сол
– 2 лажици шеќер
– 1 ванилин шеќер

Подготовка:
Одделете ги жолчките од белките. Одделно изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, а потоа додадете жолчки. Изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер, потоа додадете го маслото (или путерот), измешајте кратко, па додадете го млекото. Потоа, промешајте уште малку со миксер, а потоа додадете брашно, прашок за пециво, сол и промешајте уште малку со миксер со најмала брзина, така што смесата нема грутки.
Подмачкајте ја тавата со масло или путер, загрејте ја на средна температура и истурете одредена количина смеса.
Тавата мора да биде топла, веднаш штом ја ставите првата палачинка, намалете ја температурата за половина. Свртете ја палачинката кога ќе почнат да излегуваат меурчињата.
За почетници, подобро е да се пече една палачинка, а кој е малку повешт, може да направи три од еднаш.
Намачкајте ги палачинките со мед, крем, чоколадо по желба, јадете со овошје, како што сакате. Пријатно!

