Етони од Токио засрами многу родители со креации што ги подготвува од храна за своите малечки, а ги објавува на Инстаграм. Секој оброк го претвора во уметничко дело, сè со цел нејзините три деца да уживаат во храната и да јадат храна што инаку би ја пренеле само од едниот крај на чинијата на другиот.
Етони од овошје, бобинки, зеленчук, кнедли, суши, јуфки и пекарски производи создава Дизни херои.
Приказната за играчките, Мики Маус, Чудовишта, Вини Пу и пријателите ги доведе до совршенство.
Од киви, дињи, разни други овошја, разни колачиња, па дури и јајца, таа изрезува делови од телото и ги поставува на чинијата, што ги забавува нејзините деца на возраст од 28, 10 и 12 години.
Иако таа немала училиште поврзано со готвење или уметност на послужување храна, Етони практикувала стил на јапонска уметност наречен киарабен.
Тоа е стил во кој храната се користи за правење луѓе, или популарни ликови од медиумите, и животни и растенија.
Јапонските домаќинки често поминуваат време украсувајќи оброци за своите семејства, па тоа го прават дури и со оброци во кутија што ги носат со себе на училиште или на работа.
Етони, која работи како негувалка во градинка, ги прави овие креации во своето слободно време и вели дека и треба околу еден час за да го смисли дизајнот.
