Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Разиграното кафуле во Санкт Петербург

Cake & Breakfast Café во Санкт Петербург претставува место за фантастично излегување, акцентирано со прекрасно природно опкружување…

Дизајниран од страна на студиото Hotels Only, ова кафуле е сместено во градба од деветнаесеттиот век и во себе ги комбинира шармот на своето индустриско минато со модерните трендови и префинетиот дизајн на иднината. Реновиран на начин кој би го споил грубиот шарм на бетонот со нежно пастелни розе тонови и паметни темно сини акценти, ова кафуле е исполнето со енергија, урбано е и ве поздравува со уникатни детали зад секој агол.

Осветлувањето во кафе барот е акцентирано на единствените детали кои дополнително ја нагласуваат природната светлина која продира во неговиот простор преку бројните прозорци. Долниот кат на кафулето има зона за носење со мал простор за jaдење, додека горниот кат го карактеризираат повеќе зони за јадење, заедно со мини бар. Секој простор беспрекорно се надоврзува на друг, со помош на геометриските дезени и стилови кои обликуваат релаксирачки амбиент.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement