Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Rare & Fine коктел од 10.000 долари

Доколку уживањето во пијалоци креирани од премиум луксузни пијалоци звучи како ваша визија за добра забава, ве советуваме да го посетите San Manuel Casino во Калифорнија, кој скоро го претстави својот нов простор за игрите– High Limit Tables i High Limit Slots, со азијски инспириран ресторан, Hong Bao Kitchen…

Покрај новите простори, казиното го претстави и уникатниот пијалок со цена од 10.000 долари, кој моментално е во нашиот центар на внимание. Доколку сакате да го пробате, ќе морате да го посетите делот за играње, High Limit и да нарачате  Rare & Fine коктел, кој не е ни налик било што друго кое претходно сте го пробале. Настанал како дело на нивните миксолози, овој коктел ги содржи најретките и најскапи американски виски– A. H. Hirsch шеснаесет години старо виски дестилирано во 1974.godine, како и 1996 Chateau Lafite-Rothschild Boreaux, со шот од ултра реткиот Hardy коњак.

Уникатниот Rare & Fine коктел е сервиран во Lalique кристална чаша, заедно со коктел чепкалка која е направена од 14-каратно злато и доаѓа украсен со светлуцав дијамант. По уживањето во овој пијалок можете да ги задржите чашата и чепкалката како сувенир и спомен. Што велите?

Прочитај

Green Tea

Kреативниот директор на марката Dom Perignon , го истражувала Лени Кравиц и неговите нови карактеристики во соработка со оваа куќа од шампањско … Поточно,...

Four Seasons

Дали сакате пауза од сè околу вас – цивилизација, современи уреди, Интернет, работа и луѓе? Имаме совршен предлог за вас … Островот Асатиг е...

Wall Street

Брендот Porsche го воведе моделот 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој доби елементи за дизајн од 1950-тите и 1960-тите, и е првото од...

Cotton Club

Импресивна, но повторно софистицирана колекција што Крис ван Аш ја потпишува за марката Berluti… Очигледно, розите цветаат во марката Berluti. Со креативно водство на...